Хакирана веб-страница значи изгубени посетители, пад на Google и често изгубени податоци. Безбедноста на хостингот е во повеќе слоеви — ниеден алат сам по себе не е доволен. Еве како е заштитена страницата што е хостирана кај нас и што можете вие да направите.
Слој 1: Imunify360 — заштита од напади и малвер
Imunify360 е безбедносен систем специјално направен за веб сервери. Тој ги блокира brute-force обидите за погодување лозинки, пронаоѓа малициозен код во фајловите и има веб апликациски заштитен ѕид (WAF) што ги запира најчестите напади врз WordPress, Joomla и други системи.
Слој 2: ConfigServer Firewall
ConfigServer Firewall (CSF) го контролира мрежниот сообраќај кон серверот — дозволува само потребните сервиси и автоматски ги блокира IP адресите што покажуваат сомнително однесување.
Слој 3: ClamAV антивирус
ClamAV ги скенира фајловите и е-пошта прилозите за познати вируси и малициозни фајлови. Скенирањето можете да го стартувате и сами од cPanel.
Слој 4: CloudLinux изолација
Со CloudLinux секоја хостинг сметка е изолирана од другите. Дури и ако некој друг сајт на серверот биде компромитиран, нападачот не може да пристапи до вашите фајлови.
Слој 5: Мониторинг
Перформансите и состојбата на серверите постојано ги следиме преку Munin, за проблемите да се забележат пред да ги почувствувате.
JetBackup: автоматски резервни копии
Дури и со најдобра заштита, грешки се случуваат — погрешно избришан фајл, неуспешно ажурирање на додаток. Затоа JetBackup автоматски прави резервни копии на фајловите, базите на податоци и е-поштата.
Како сами да вратите бекап
- Најавете се во cPanel.
- Отворете JetBackup.
- Изберете што враќате: целата сметка, фајлови, бази на податоци или е-пошта.
- Изберете датум на бекапот и кликнете Restore.
Што можете вие да направите
- Редовно ажурирајте ги WordPress, темата и додатоците.
- Бришете ги неактивните додатоци и теми.
- Користете силни, различни лозинки и двофакторска најава за администраторот.
- Не користете „nulled“ (пиратски) теми и додатоци — често содржат скриен малвер.
- Пред големи промени, направете рачен бекап.
Безбедна е-пошта
Испратените пораки поминуваат низ MailChannels, кој го филтрира спамот и ја подобрува испораката, за вашите пораки да стигнуваат во inbox, а не во спам. Повеќе за сите технологии на страницата Инфраструктура.



