
Пентест и етичко хакирање.
Ја напаѓаме вашата апликација како вистински напаѓач, со ваша дозвола. Добивате листа на ранливости, колку се опасни и како да ги поправите.
Што е пентест?
Пентест (тест за пробивање) е договорен, контролиран напад врз вашиот сајт, апликација или API. Целта е ранливостите да се најдат пред да ги најде некој друг. Работиме според OWASP, само во договорениот обем и со писмена дозвола, а на крајот добивате извештај со докази и препораки.
Наод, тежина, поправка
Секој наод има доказ, оценка на ризикот и конкретна препорака. По поправките повторно тестираме и потврдуваме дека дупката е затворена.
- Веб апликации и API
- OWASP Top 10 и логиката на апликацијата
- Најава, сесии и права на пристап
- Конфигурација на серверот и SSL
- Повторен тест по поправките
Стандарди, алатки и технологии
Што тестираме
Како работиме
- Обем и дозволаДоговараме што се тестира и кога, и потпишуваме дозвола и NDA.
- ТестирањеАвтоматски алатки и рачно тестирање според OWASP.
- ИзвештајНаоди со докази, тежина и препораки за поправка.
- Повторен тестПо поправките проверуваме дека дупките се затворени.

Пред лансирање или по голема промена?
Тогаш е вистинското време за пентест. Пишете ни што сакате да се тестира.
Често поставувани прашања
Дали пентестот може да го сруши сајтот?
Тестираме внимателно и во договорен термин. Деструктивни тестови не правиме без посебна дозвола, а ако имате тест околина, тестираме таму.
Колку трае пентестот?
Зависи од големината: мал сајт неколку дена, поголема апликација со API подолго. Точниот рок е во понудата.
Што добивам на крајот?
Писмен извештај: резиме за менаџментот, листа на наоди со докази, оценка на тежината и препорака за поправка, и повторен тест по поправките.
Дали етичкото хакирање е законско?
Да, кога сопственикот на системот дал писмена дозвола. Без договор и дозвола не тестираме ништо, вклучувајќи и системи на трети страни.
Дали ми треба пентест ако хостингот има заштита?
Заштитата на хостингот го чува серверот. Пентестот ги наоѓа грешките во вашиот код и во логиката на апликацијата, кои firewall не ги гледа.






