Прашања и одговори

Општи прашања

Во овој дел може да ги најдете едни од најпоставуваните прашања на нашите клиенти.

Што е домен ?
Домен претставува името кое е карактеристично за секој веб сајт, практично како и името на една компанија. Со оглед на фактот дека купувањето на домените е релативно ефтино и лесно, многу од домените се зафатени особено некои со атрактивни имиња како:
bitcoin.mk, domino.mk, stb.mk, stomatolog.mk,…

Доколку Вие сакате да регистрирате домен, тоа можете да го направите преку нас.
Како да направам трансфер на мојот домен од друг регистрар кон вашиот ?
Најпрво треба да побарате ЕПП код за вашиот домен од регистрарот кој е задолжен за доменот, потоа да влезете во полето "Домени" -> "Трансфер на домен". Откако ќе го внесете доменот за кој треба да се направи самиот трансфер ќе кликнете нарачај и ние ќе ве прашаме за одобрување и ќе мора да ни го предадете ЕПП кодот кој ви беше даден од предходниот регистрар.
Што е веб хостинг ?
Веб хостинг (English: Web Hosting) претствува простор каде што вашата веб страна функционира. Покрај ова хостингот се користи и како простор каде што доаѓа вашата електронска пошта. Практично хостингот во реалноста е канцеларија на вашата компанија за која плаќате кирија на интернет. Просторот слично како канцеларијата има своја големина и според тоа најчесто се одредува и цената.
Дали добивам контролен панел со хостингот ?
Да, сите наши хостинг пакети вклучуваат cPanel, најпопуларната контролна табла за управување со веб-страници, е-пошта, бази на податоци и многу повеќе.
Кој тип на хостинг пакет ми е потребен ?
Сѐ зависи од вашите потреби:

За мали веб-страници или блогови, препорачуваме Мал пакет.

За деловни апликации или е-продавници, најсоодветни се Бизнис пакетите.

За големи системи и компании, препорачуваме Корпоративни пакети со cloud инфраструктура.

Контактирајте не и ќе ви помогнеме да го изберете најдоброто решение.
Дали е можно да се надгради пакетот подоцна ?
Да, можете во секое време да направите надградба на поголем хостинг пакет со повеќе ресурси, без прекин во работата на вашата веб-страница.
Што се случува ако не го обновам хостингот навреме ?
Ќе добиете неколку потсетници за обнова. Ако не се обнови во рок, хостингот ќе биде суспендиран, а потоа избришан. Податоците може да се вратат ако се зачувани бекапи (се чуваат бекапи најмногу 3 месеци за неплатени хостинг услуги).
Дали добивам техничка поддршка ?
Да, обезбедуваме 24/7 техничка поддршка преку е-пошта и тикет систем. Нашиот тим е секогаш тука да ви помогне.
Како да префрлам постоечка веб-страница кај вас ?
Нудиме бесплатна миграција на веб-страници од други хостинг провајдери. Ќе се погрижиме за сè, без прекин во работењето на страницата.
Дали обезбедувате бекап и безбедност ?
Да, сите пакети вклучуваат редовни дневни бекап копии, како и напредни сајбер-безбедносни мерки за заштита од напади и губење на податоци.
Што се случува ако ја надминам дозволената употреба на ресурси ?
Во таков случај, ќе ве известиме и ќе ви предложиме соодветен upgrade пакет, така што вашата страница ќе продолжи со оптимални перформанси.
Дали добивам SSL сертификат ?
Да, нудиме бесплатен SSL сертификат со сите наши хостинг пакети за да обезбедите безбедна HTTPS конекција за вашите корисници.
Дали можам да хостирам повеќе веб-страници на еден пакет ?
Некои од нашите пакети дозволуваат хостирање на повеќе домени. Погледнете ги деталите за секој пакет или контактирајте не за прилагодено решение.
Колку домени можам да хостирам ?
Во зависност од хостинг пакетот, можете да хостирате еден или повеќе домени. Нашите бизнис и корпоративни пакети поддржуваат повеќе домени.
Кои се начините на плаќање ?
Може да платите преку картичка, или пак преку банкарски трансфер. Обновувањето може да биде месечно, годишно или по договор.

Технички прашања

Во овој дел може да ги најдете едни од најпоставуваните прашања на нашите клиенти од технички аспект.

Како да поврзам домен со хостинг ?
Доколку доменот и хостингот се закупени кај нас, потребно е да се логирате на соодветниот cPanel од хостингот (податоци за cPanel ви пристигнуваат на емаил по креирање на нарачка) и потоа да го пристапите полето "Domains" и да го додадете закупениот домен доколку го нема во листата. По додавањето почекајте неколку часа за истиот да стане активен.
Како да направам промена на nameservers за мојот домен ?
Една опција е да ни ги пратите nameservers кои би сакале да бидат поставени уште при креирање на нарачката. Друга опција е да ни испратите емаил порака (пораката мора да биде испратена од адресата со која е креирана нарачката) која ќе ги содржи новите nameservers кои сакате да бидат поставени за вашиот домен. Автоматска промена во админ панелот за промена на nameservers не е дозволена поради безбедносни причини, кога ќе ја овозможиме таа опција ќе ја видите во самиот админ панел.

Ви благодариме на разбирањето !
Што е VPS хостинг и кога ми е потребен ?
VPS (Virtual Private Server) хостинг е хостинг каде добивате сопствен виртуелен сервер. Тој е идеален за веб-страници со среден до голем обем на сообраќај или за проекти што бараат повеќе ресурси и контрола од обичен хостинг.
Дали нудите email хостинг ?
Да, со нашите пакети добивате и професионален e-mail хостинг, со можност за користење на сопствен домен (пр. info@imenadomen.mk).
Зошто не ми стигнуваат/испраќаат меилови ?
Најчест одговор на ова прашање е надминат простор на хостинг пакетот. За да проверите дали вашиот хостинг пакет е надминат потребно е да се најавите на контрилниот панел на вашиот хостинг (кој може да се пристапи најчесто на "imenavasiotdomen.mk/cpanel" адресата). По најавувањето на контролниот панел погледнете во долниот десен аглол од панелот (доколку сте од десктоп или лаптоп) дали некој од параметрите го надминува зададениот лимит. Доколку некој од параметрите е надминат погледнете на нашата веб страница како се движат поголемите пакети и на панелот moj.maxhosting.mk можете да си направите надградба на истиот. Доколку се е во ред со параметрите контактирајте не на нашите контакт телефони за поддршка.
Како да креирам е-пошта преку cPanel ?
Најавете се во cPanel > Email Accounts > Create. Изберете домен, внесете корисничко име и лозинка и кликнете на „Create“. Потоа можете да пристапите преку Webmail или да ја конфигурирате е-поштата во Outlook или мобилен уред.

Кои се поставките за POP3/IMAP и SMTP ?
IMAP сервер: mail.вашдомен.com, порт: 993 (SSL)

POP3 сервер: mail.вашдомен.com, порт: 995 (SSL)

SMTP сервер: mail.вашдомен.com, порт: 465 (SSL)
Проверете ги деталните параметри во cPanel > Email Accounts > Connect Devices. Потоа поставете ги во апликацијата преку која сакате да менаџирате со вашите меилови

Како да направам бекап на мојата веб-страница ?
Во cPanel > Backup/JetBackup можете да креирате целосен или парцијален бекап на вашата веб-страница, бази на податоци и е-пошта. Се препорачува редовно правење бекап.
Може ли да инсталирам WordPress ?
Да, можете многу лесно преку Softaculous Auto Installer во cPanel. Изберете WordPress, пополнете ги полињата и кликнете „Install“.
Како да поставам пренасочување (redirect) на домен ?
Во cPanel > Redirects можете да поставите 301 или 302 пренасочување на вашиот домен или под-домен кон друга веб-страница или URL.
Дали поддржувате SSH пристап ?
Не, од безбедностни причини кај Shared пакетите односно обичните хостинг пакети не нудиме SSH пристап.
Сепак, кај VPS серверите имате целосна слобода и добибате SSH пристап со root привилегии.
Како да конфигурирам Cron Jobs ?
Во cPanel > Cron Jobs, можете да поставите скрипти што се извршуваат во зададено време (на пр. за автоматски backup, извештаи и сл.).
Како да се заштитам од спам пораки во е-пошта ?
Напите сервери имаат напреден систем за заштита од спам пораки. Во cPANEL имате можност сами да управувате со него. Имено имаме 2 типа на спам пораки односно мал спам, кој може да биде и нормална порака и висок ризик од спам. Малиот спам има оценка од 5 до 20, додека висок ризик е со оценка над 20. Нашиот систем е флексибилен и имате можност да ги менувате овие оценки. Покрај тоа, можете сами да одредите што да се прави со пораки со мала оценка, односно дали тие пораки ќе ви пристигнат или ќе бидат ставени во карантин или ќе бидат пратени во посебен инбокс.

Покрај ова некои пораки ги третираме како потенцијални вируси и веднаш се ставаат во карантин. За ова ќе подготвиме посебен текст со објаснување.
Дали поддржувате бази на податоци ?
Да, поддржуваме MySQL и PostgreSQL бази на податоци преку phpMyAdmin во cPanel. Може да креирате и управувате со повеќе бази според вашиот пакет.

Не го најдовте одговорот на вашето прашање ?

Контактирајте нè веднаш и ние ќе ви одговориме на истото !

Адреса
ул. Пандил Шишков бр. 3, 1000 Скопје
Контакт телефон
(+389) 78 221 696
Работно време
Пон. - Пет: 08 до 16 часот
AI асистент