Монитори со зелен код во темна просторија

Хакиран сајт? Го чистиме и го враќаме.

Отстрануваме малвер, ја затвораме дупката низ која влегле и го враќаме сајтот во пребарувањето без предупредување.

Што да направам ако сајтот ми е хакиран?

Не бришете ништо и не враќајте стар бекап на брзина. Сменете ги лозинките за хостингот и за админот и пишете ни. Ние го скенираме сајтот, ги отстрануваме заразените датотеки и записи во базата, ја затвораме дупката низ која влегле и бараме Google да го тргне предупредувањето.

Од заразен до чист

Се проверуваат секоја датотека и секој запис во базата. Заразеното се чисти или се заменува со оригинал, а потоа сајтот го заклучуваме.

  • Скенирање на датотеки и база
  • Отстранување на backdoor скрипти и скриени корисници
  • Нови лозинки и клучеви
  • Ажурирање на ранливите плагини
  • Барање за преглед кај Google

Што чистиме

WordPressWooCommerceJoomlaDrupalPrestaShopMagentoPHPMySQLcPanelImunify360ClamAVJetBackupCloudflareGoogle Search Console

Што правиме

Длабоко скенирањеImunify360 и ClamAV ги поминуваат датотеките, а ние рачно ги прегледуваме базата и изменетите датотеки.
Отстранување на малверотЧистиме вметнат код, backdoor скрипти, спам страници и скриени пренасочувања.
Затворање на дупкатаЈа наоѓаме причината, стар плагин, слаба лозинка или ранлива тема, и ја затвораме за да не се повтори.
Нови лозинки и клучевиГи менуваме лозинките за админот, базата, FTP и cPanel и ги прекинуваме сите активни сесии.
Враќање на GoogleБараме преглед во Google Search Console, за предупредувањето да исчезне од резултатите.
Заштита потоаFirewall, дневен бекап и следење, за следниот обид да се забележи навреме.

Од пријава до чист сајт

  1. Пишете ниАдресата на сајтот и што забележавте.
  2. СкенирањеГо наоѓаме заразеното и причината.
  3. ЧистењеГо отстрануваме малверот и ја затвораме дупката.
  4. Чист сајтНови лозинки, барање до Google и извештај.
Безбедносни податоци и код на монитор

Сајтот ви е хакиран?

Пишете ни веднаш. Колку побрзо почнеме, толку е помала штетата.

Често поставувани прашања

Не го најдовте одговорот?Прашајте го AI агентот или пишете ни.
Прашај го агентот
Како да знам дали сајтот ми е хакиран?

Чести знаци се: пренасочување кон непознати страници, предупредување од Google или од прелистувачот, администратори што не сте ги отвориле, спам страници во пребарувањето и необично висок сообраќај.

Колку брзо реагирате?

Хакираниот сајт го третираме како итен случај. Рокот за чистење ви го кажуваме по првото скенирање.

Дали е доволно да вратам бекап?

Често не. Ако дупката низ која влегле остане отворена, сајтот повторно се заразува, а и бекапот може да е заразен. Затоа прво ја наоѓаме причината.

Дали ќе ги изгубам податоците?

Не. Чистиме само заразени датотеки и записи, а пред секоја промена правиме копија од сегашната состојба.

Може ли да помогнете ако сајтот не е кај вас?

Да, потребен ни е пристап до хостингот и до админ панелот. Ако сакате, по чистењето го преселуваме кај нас бесплатно.