Избришана страница, неуспешно ажурирање на додаток, хакиран сајт или избришано емаил сандаче. Сето тоа се решава за неколку минути ако имате бекап и знаете каде е. Без бекап, истото може да значи сајт од почеток.
Што се чува автоматски
Кај сите наши хостинг пакети JetBackup прави бекап секој ден, а копиите се чуваат надвор од серверот на кој работи сајтот. Бекапот опфаќа:
- Датотеките на сајтот (сè во
public_html, вклучително WordPress, темите, додатоците и сликите). - Базите на податоци, каде што WordPress ги чува текстовите, нарачките и корисниците.
- Емаилот, сандачињата и пораките.
Кај VPS серверите бекапот е ваша одговорност, освен ако не е договорено поинаку. Тоа е една од разликите што ги објаснуваме во споделен хостинг или VPS.
Како сами да вратите, без тикет
- Во клиентскиот панел отворете го хостингот и кликнете „Влези во cPanel“.
- Отворете JetBackup. Изберете што враќате: File Backups за датотеки, Database Backups за база, Email Backups за емаил.
- Изберете датум пред проблемот и кликнете Restore. За поединечна датотека, со Change Files Selection изберете само неа.
Совет: ако сајтот работи, а е изгубен само еден пост или една страница, вратете ја само базата, не и датотеките. Ако сајтот е хакиран, вратете ги и датотеките и базата од датум пред нападот, па веднаш сменете ги лозинките и ажурирајте ги додатоците.
Правилото 3-2-1
Професионалците држат 3 копии од важните податоци, на 2 различни места, од кои 1 надвор од канцеларијата. За мал бизнис тоа значи:
- Живиот сајт на хостингот.
- Дневниот бекап што го прави хостингот.
- Ваша копија, преземена еднаш месечно и пред секоја голема промена.
Своја копија преземате од JetBackup со Download или од cPanel, во Backup, со целосен бекап на хостинг профилот. Чувајте ја на диск или во облак до кој имате пристап и без хостингот.
Кога особено ви треба своја копија
- Пред голема промена: нова тема, нова верзија на WooCommerce, преселба на сајтот.
- Кога хостингот истекува. По истекот, услугата се суспендира, а податоците по некое време се бришат. Обновете навреме во клиентскиот панел.
- За законски или сметководствени записи што мора да ги чувате подолго од секојдневните бекапи.
Проверете го бекапот пред да ви затреба
Бекап што никогаш не сте го пробале е само претпоставка. Еднаш во неколку месеци вратете една стара датотека или базата на тест поддомен и проверете дали сè е на место. Ако нешто не е јасно, пишете ни и ќе ви помогнеме со враќањето. Прочитајте и како ги штитиме сајтовите.







