Бесплатна миграција на веб сајт.

Го префрламе вашиот сајт од друг хостинг, без прекин. Го тестирате на новиот сервер пред да ги смените DNS поставките.

Многу луѓе остануваат на хостинг што им одзема време или пари само затоа што префрлањето звучи комплицирано. Не мора да биде. Кај нас миграцијата ја правиме ние, бесплатно, за секој хостинг пакет, а вашиот сајт не престанува да работи додека трае.

Ова е целиот процес: што префрламе, што ни треба од вас и како гарантираме дека ништо не се губи. Откако ќе го префрлиме, имате 30 дена да го тестирате пакетот. Ако ви требаат и домени, видете ги домените и трансферот на домен.

Што префрламе

Датотеки на сајтотСите страници, слики, теми и додатоци, со истата структура како на старото место.
Бази на податоциMySQL базите со содржина, нарачки и корисници се префрлаат и се поврзуваат со сајтот.
Е-пошта сметкиСандачињата и пораките, за да продолжите да работите без загуба на пораки.
WordPress и продавнициWordPress сајтови и WooCommerce продавници со сите содржини и поставки.
Бесплатен SSLОткако DNS ќе укаже на нас, SSL сертификатот се издава автоматски и бесплатно.
Без прекинСтарото место работи додека новото се тестира. Префрлате дури кога сте сигурни.

На кој пакет да го префрлите сајтот?

Размерот на сајтот одлучува за пакетот. Мал сајт или блог се вклопува во A1 или A2, а за повеќе простор, е-пошта сметки или посетеност земете A3 или A4. Проверете колку простор зафаќа сегашниот сајт и колку е-пошта адреси имате, па споредете со пакетите подолу.

Продавница, голема база или многу сообраќај најдобро се чувствуваат на бизнис пакетите (од 5.500 ден. годишно). Ако не сте сигурни, пратете ни ја големината на сајтот и ќе ви препорачаме.

A1

Лични страници и мали презентациски сајтови

999ден. / год.
домен
1
простор
1 GB
Закупи A1Се отвора нарачка
  • Let's Encrypt Auto SSL сертификат
  • 5 паркирани домени
  • 5 e-mail адреси
  • 5 MySQL бази
  • 5 поддомени
  • CloudLinux лимити
  • Процесорска брзина, 1 јадро
  • 1 GB физичка меморија
  • max 350.000 file (inodes)
  • max 100 Entry processes

A2

Најбаран · попуст 20%

Фирми со сајт и повеќе е-пошта адреси

2.000ден. / год.
домени
2
простор
3 GB
Закупи A2Се отвора нарачка
  • Let's Encrypt Auto SSL сертификат
  • 5 паркирани домени
  • 10 e-mail адреси
  • 10 MySQL бази
  • 5 поддомени
  • CloudLinux лимити
  • Процесорска брзина, 1 јадро
  • 1 GB физичка меморија
  • max 350.000 file (inodes)
  • max 100 Entry processes

A3

Онлајн продавници и посетен сообраќај

3.000ден. / год.
домени
3
простор
5 GB
Закупи A3Се отвора нарачка
  • Let's Encrypt Auto SSL сертификат
  • 5 паркирани домени
  • 100 e-mail адреси
  • 15 MySQL бази
  • 10 поддомени
  • CloudLinux лимити
  • Процесорска брзина, 2 јадра
  • 2 GB физичка меморија
  • max 450.000 file (inodes)
  • max 100 Entry processes

A4

Повеќе проекти на едно место

5.000ден. / год.
домени
5
простор
7 GB
Закупи A4Се отвора нарачка
  • Let's Encrypt Auto SSL сертификат
  • 5 паркирани домени
  • 1000 e-mail адреси
  • 15 MySQL бази
  • 15 поддомени
  • CloudLinux лимити
  • Процесорска брзина, 2 јадра
  • 2 GB физичка меморија
  • max 450.000 file (inodes)
  • max 200 Entry processes
Во секој пакет
  • Бесплатен AI лендинг сајт
  • Дневен JetBackup бекап
  • cPanel и Softaculous
  • LiteSpeed и LSCache
  • Imunify360 заштита
  • Бесплатна миграција

JetBackup е најмодерната алатка за бекап, копиите се чуваат надвор од серверот, а враќањето го правите сами од cPanel.

Можете да хостирате
CMSWordPress
BackendLaravelNode.jsPython
FrontendReactAngularVue.js

Node.js апликациите AI агентот може сам да ги објави.

Интеграција со Claude Code

Како изгледа миграцијата

  1. 1Нарачајте и контактирајтеИзберете пакет и пишете ни дека имате сајт за префрлање. Контакт.
  2. 2Ни го давате сајтотНи испраќате пристап до сегашниот хостинг или бекап на датотеките и базата.
  3. 3Го префрламе и тестиратеГо поставуваме сајтот на нашиот сервер. Вие го гледате и тестирате пред да ги сменете DNS поставките.
  4. 4Префрлање на DNSКога сте задоволни, го насочувате доменот кон нас. Посетителите ја гледаат новата верзија без прекин.

Зошто префрлањето кај нас е без ризик

Новото и старото работат паралелно

Не го гасиме вашето старо место. Сајтот се поставува на новиот сервер, а вие го отворате пред да го смените DNS и проверувате дека сè е на место: страниците, формите, најавата и, за продавница, цел чекаут. Само кога сте сигурни, го насочувате доменот.

Најчестите причини за грешки, решени однапред

Миграциите најчесто паѓаат на различна верзија на PHP, недостасувачки додаток или погрешни дозволи. Тоа го проверуваме при поставувањето, пред да го тестирате сајтот.

Префрлање на DNS без прекин

Промената на DNS поставките може да трае од неколку минути до неколку часа додека се прошири. Во тој период сајтот работи и на старото и на новото место, па посетителите не гледаат празна страница. Најдобро е да го префрлите во тивок период.

По префрлањето

Откако ќе се сменат DNS поставките, SSL сертификатот се издава автоматски. Од тој момент имате дневен JetBackup бекап, Imunify360 заштита и 24/7 поддршка на македонски. Домените и трансферот се одвоена тема: домен можете да го оставите каде е.

Што да подготвите

Често поставувани прашања

Не го најдовте одговорот?Прашајте го AI агентот или пишете ни.
Прашај го агентот
Сите 29 прашања
Дали миграцијата навистина е бесплатна?

Да. Префрлањето на постоечки сајт кај нас е бесплатно кај сите хостинг пакети. Плаќате само пакет што го избирате.

Дали сајтот ќе биде недостапен?

Не. Сајтот го префрламе на нашиот сервер додека старото место и понатаму работи. Вие го тестирате новиот сервер и дури потоа ги префрлате DNS поставките, па посетителите не забележуваат прекин.

Што ми треба да ви испратам?

Најчесто доволни се пристап до сегашниот хостинг (cPanel или FTP и база) и името на доменот. Ако немате пристап до cPanel, доволни се датотеките и бекапот на базата. Ако не сте сигурни, пишете ни.

Дали ќе се префрлат и е-пошта сандачињата?

Да, на барање ги префрламе и е-пошта сметките со пораките, за да продолжите да работите без загуба на пораки.

Колку трае миграцијата?

Зависи од големината на сајтот и од тоа дали се префрла и е-пошта. Очекуваниот рок ви го кажуваме пред да почнеме.

Што ако не ми се допадне?

Пакетот го тестирате 30 дена, а поддршката е достапна 24/7 на македонски. Старото место го откажувате дури кога ќе сте задоволни.

Корисни врски

Префрлете го сајтот денес.

Изберете пакет или пишете ни. Миграцијата е бесплатна, а пакетот го тестирате 30 дена.