Поврзете го бизнис емаилот со која било апликација.

Внесете ја адресата, изберете апликација и копирајте ги поставките. За повеќето тоа е сè.

Пред да почнете

Внесете ја адресата и изберете апликација

Внесете ја адресата и ќе ги добиете точните вредности за вашиот домен. Адресата се обработува само во вашиот прелистувач: не се испраќа никаде и не се чува.

Поддржани се и домени на кирилица, како .мкд.

Лозинката е на сандачето, не на клиентскиот панел. Не ви треба лозинка за апликации.

Апликацијата покажува предупредување за сертификат?

На некои домени сертификатот за пошта е издаден на името на серверот, а не на mail.вашиотдомен. Тогаш копирајте го името од cPanel → Email Accounts → Connect Devices (Incoming Server) и користете го наместо mail. Каде е Connect Devices?

ПримерЗа вашата адресаinfo@vashafirma.mk
Корисничко име
info@vashafirma.mk
Лозинка
Лозинката на сандачето
Дојдовен сервер (IMAP)
mail.vashafirma.mk993 · SSL/TLS
Одлезен сервер (SMTP)
mail.vashafirma.mk465 · SSL/TLS
POP3, ако не користите IMAP
mail.vashafirma.mk995 · SSL/TLS
Ако 465 не поминува
mail.vashafirma.mk587 · STARTTLS
Алтернативен сервер
serverXXX.exampleСамо ако апликацијата предупреди за сертификат.
Најава
Нормална лозинка, иста за двата сервера
Webmail
https://vashafirma.mk/webmail

Изберете апликација

Чекорите и вредностите се за info@vashafirma.mk. Промени ја адресата

iPhone и iPad

  1. Отворете Settings → Apps → Mail → Mail Accounts (во постар iOS: Settings → Mail → Accounts) и допрете Add Account.

  2. Изберете Other, па Add Mail Account. Внесете име, адресата и лозинката на сандачето, па Next.

    Email
    info@vashafirma.mk
  3. Изберете IMAP и пополнете ги двата сервера. Корисничкото име е целата адреса.

    Incoming Host Name
    mail.vashafirma.mk
    Outgoing Host Name
    mail.vashafirma.mk
    User Name
    info@vashafirma.mk
  4. Допрете Next, почекајте проверка и Save. Портите 993 и 465 со SSL iPhone ги поставува сам; ги гледате во Advanced.

Не ги наоѓате поставките? Чекор по чекор

Истите поставки ги има и во cPanel, под Connect Devices. Три чекори од нашиот сајт до таму. Отворете го чекорот што ви треба.

1Чекор 1 од 3Најавете се во клиентскиот панел

На maxhosting.mk горе десно кликнете „Клиентски панел“. На телефон тоа е копчето со иконата на човече, до менито.

Најавете се со емаил адресата на која ги добивате известувањата и фактурите од нас.Тоа е контакт адресата на вашиот профил во нашиот систем, а не сандачето што го поврзувате.OTP код или Лозинка: немате лозинка? Изберете „OTP код“ и ќе ви испратиме еднократен код на истата адреса.
2Чекор 2 од 3Хостинг, вашата услуга, Влези во cPanel

Во менито лево изберете „Хостинг“ и отворете го пакетот на кој е доменот на емаилот. На страницата на услугата кликнете „Влези во cPanel“. cPanel се отвора во ново јазиче и не бара посебна лозинка.

  • Полето „Сервер“ го покажува името на вашиот сервер. Ви треба само ако апликацијата предупреди за сертификат.
3Чекор 3 од 3Email Accounts, па Connect Devices

Во cPanel, во делот Email, отворете Email Accounts. До адресата кликнете Connect Devices. Под Mail Client Manual Settings, во Secure SSL/TLS Settings, се серверот, портите и корисничкото име.

Најчесто серверот е mail.вашиотдомен. Ако апликацијата предупреди за сертификат, користете го името на серверот од Connect Devices. Внесете го тука

  • Ако адресата ја нема, креирајте ја со + Create и поставете лозинка.
  • IMAP ги чува пораките на серверот, па се исти на телефон и компјутер. Препорачано.
Вашите поставки

Ако нешто не работи

Најчестите проблеми при поврзување и што да проверите.

Не го најдовте одговорот?Прашајте го AI агентот или пишете ни.
Прашај го агентот
Апликацијата не може да се поврзе со серверот.

Проверете дали портата одговара на безбедноста: 993 и 465 со SSL/TLS, или 587 со STARTTLS. Најчеста грешка е 465 со STARTTLS или 587 со SSL/TLS.

Се појавува грешка за лозинка (authentication failed).

Корисничкото име е целата адреса, не само делот пред @. Лозинката е на сандачето, не на клиентскиот панел. Ако не сте сигурни, сменете ја во cPanel → Email Accounts → Manage и обидете се повторно.

Апликацијата предупредува за сертификат.

Не прифаќајте го предупредувањето. На некои домени сертификатот за пошта е издаден на името на серверот, а не на mail.вашиотдомен. Под поставките отворете „Апликацијата покажува предупредување за сертификат?“, внесете го името на серверот од cPanel → Email Accounts → Connect Devices и вклучете „Користи го серверот наместо mail.“. Внесете го истото име и за дојдовниот и за одлезниот сервер.

Примам пошта, но не можам да испраќам.

Одлезниот сервер бара најава со истото корисничко име и лозинка: вклучете ја во апликацијата. Во хотели и во некои канцеларии портата 465 е блокирана, па пробајте 587 со STARTTLS.

Моите пораки завршуваат во спам кај другите.

Доменот треба да има SPF, DKIM и DMARC записи. Ги проверувате во cPanel под Email Deliverability. Ако таму пишува дека има проблем, пишете ни и ќе го решиме.

Дали ми треба лозинка за апликации?

Не. Лозинки за апликации бараат Google и Microsoft профилите со двостепена заштита. За нашето сандаче се користи лозинката на сандачето, а ја менувате во cPanel.

Сè уште не работи?

Јавете ни се или прашајте го AI агентот. Кажете ни ја адресата и што пишува во грешката.