Правила и услови за користење

Датум на ажурирање: 12/11/2026

Општи услови

MAX HOSTING своите услуги за хостирање ги обезбедува за компании регистрирани во Македонија, како и за државјани на Р. Македонија. Наплатата се врши однапред за секоја година.

Резервни копии од вашите податоци

Корисникот е единствено одговорен за правењето на бекап копиите од неговиот вебсајт и содржините.

Сопственост

Сите податоци кои се предмет на хостирање на серверите на МАКС ХОСТИНГ се сопственост на клиентот.

Гаранција

MAX Hosting дава гаранција за активност на серверите од 99%.

Враќање на средства

За споделените хостинг пакети (Мали, Бизнис и Корпоративни пакети) нудиме враќање на средствата во рок од 15 дена од купувањето. Ако пакетот не ви одговара, јавете ни се во тој рок и ќе ви ги вратиме платените средства за пакетот.

За сите други услуги, како домени, VPS сервери, Cloud апликации и SSL сертификати, платените средства не се враќаат, бидејќи услугата се регистрира или активира веднаш по плаќањето.

Барањето за враќање испратете го на info@maxhosting.mk или преку тикет во клиентскиот панел, со бројот на фактурата.

Ограничувања

Еден хостинг корисник не смее да надминува искористување на RAM меморијата повеќе од 10%. Поради заштита од спамирање, поставен е лимит од 250 испратени е-маил пораки во рок од еден час.