Пред неколку години веб-страница значеше дизајнер, програмер и неколку недели чекање. Денес AI може за неколку минути да напише текстови, да ја подреди страницата и да избере бои. Тоа е корисно, но не е решение за секој сајт.
Што AI прави добро
- Лендинг страница за мал бизнис. Кафуле, салон, мајстор, сметководител: кои сте, што нудите, работно време, контакт и мапа.
- Брз прв нацрт. Наместо празен лист, добивате структура и текстови што потоа ги дотерувате.
- Измени со пишување. „Додај работно време“, „скрати го насловот“ наместо барање низ менија.
- Текстови на повеќе јазици, кога клиентите ви се од повеќе заедници.
Каде AI не е доволен
- Онлајн продавница со производи, залиха и плаќање. За тоа ви треба WooCommerce или друга платформа.
- Сајт со многу страници и содржина што често се менува, на пример блог или каталог. Тука WordPress е подобар избор.
- Посебни функции: резервации, кориснички профили, поврзување со вашиот софтвер. За тоа ви треба програмер.
- Факти. AI не ги знае вашите цени, вашето искуство ниту вашите клиенти. Ако не му ги кажете, ќе пополни со општи реченици или, полошо, со измислени детали.
Три патишта, споредени
| AI builder | WordPress | Агенција или програмер | |
|---|---|---|---|
| Време до објава | Минути | Часови до денови | Недели |
| Кој работи | Вие, со опис | Вие или некој со малку искуство | Тие |
| Најдобро за | Една уредна страница | Сајт со повеќе страници, блог, продавница | Посебен дизајн и функции |
| Ограничување | Помалку слобода во дизајнот | Одржување и ажурирања | Цена и зависност од изведувачот |
Пред објава, секогаш проверете
- Сите бројки: телефон, адреса, работно време, цени.
- Тврдења: „најдобри во градот“, „20 години искуство“. Оставете само тоа што е точно.
- Слики: вистински фотографии од вашиот бизнис градат повеќе доверба од генерички.
- Јазикот: прочитајте го текстот гласно. Ако не звучи како вие, сменете го.
- Каде се објавува: на ваш домен, кој е ваш. Страница на поддомен на туѓа платформа е потешка за наоѓање на Google и не можете да ја преместите.
Како го правиме тоа ние
Нашиот AI Website Builder е направен за првиот случај: една уредна страница за мал бизнис. Опишувате што правите со неколку реченици, на македонски или на друг јазик, и добивате бесплатен преглед пред да платите. Измените ги правите со пишување, а страницата се објавува на вашиот домен и хостинг, со SSL сертификат, без зависност од туѓа платформа.
Ако ви треба повеќе од една страница, почнете со WordPress хостинг. Прочитајте и како да инсталирате WordPress за 5 минути.







