База на знаења

Како да креирам e-mail адреса?  Испечати

За да креирате e-mail за било кој домен од вашиот акаунт следете ги следните чекори:


1) Логирајте се во вашиот CPanel (контролен панел).

2) Кликнете на Email Accounts иконата.

3) На почетокот од новата страна која ќе ви се отвори се наоѓа делот резервиран за додавање нови адреси.

4) Во полето Email: внесете го името на адресата. Пример: nekoeime@vasiotdomen.mk

5) Доколку користите повеќе домени преку вашиот акаунт ќе треба да го селектирате доменот кој сакате да го поврзете со вашата адреса.

6) Изберете лозинка за оваа адреса. Напомена: Оваа лозинка ќе биде поврзана само со вашата e-mail адреса.

7) Селектирајте ја саканата квота која е подесена на почеток од 250MB

8) Кликнете на "Create Account" и вашата емаил сметка ке биде креирана.

Откако го креиравте вашиот e-mail акаунт за секој нареден e-mail кој што сакате да го додадете ќе треба да ги повторите чекорите од 4 до 8.

Дали Ви помогна овој одговор?

Понудени резултати

Дали вашите хостинг планови поддржуваат IMAP?
IMAP протоколот е овозможен за сите хостинг планови на...
Зошто не можам да праќам мејлови?
Постојат повеќе причини доколку не можете да...